Виц: Дедо загубен во шумата

Шетал некој дедо во шумата и се загубил, па не знаел да се врати назад. Скитал така час, два часа, три часа, пет часа, седум часа и после седум часа сретнал еден човек.

Леле, синко, фала богу што те сретнав тебе во оваа небиднина, се загубив и не знам да се вратам, седум часа кај скитам и го барам патот.

Што се радуваш бе, деде, што ме виде мене, јас два дена сум загубен и го барам патот.