Home Спорт ВИДЕО: Пандев со два евроголови и обезбеди пласман на Џенова

ВИДЕО: Пандев со два евроголови и обезбеди пласман на Џенова

Горан Пандев конечно блесна во Џенова. На куп средбата против Перуџа, неговиот тим славеше дури во продолженијата со 4:3 (2:2 по 90 минути), а ѕвезда на вечерта сигурно беше нашиот најдобар фудбалер кој постигна два прилично ефектни голови.

Имено, Горан Пандев беше прецизен во 37 минута за 2:0 и во 100 минута тогаш за 3:2.

Инаку првиот гол беше дело на Симеоне, а Перуџа се врати и израмни на 2-2 со головите на Бјанки и Дроле, кои го однесоа натпреварот во продолжение. Таму освен Пандев, пласманот во осминафиналето го завери Нинковиќ, со гол во 116. минута. Гостите намалија во последните моменти од натпреварот за конечни 4-3.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…