Ветераните од YouTube сметаат дека овој новитет може да ја докусури платформата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сениорите од технолошкиот тим во компанијата „YouTube“ се загрижени дека нивниот главен адут за ривал на „TikTok“, опцијата „Shorts“, ќе го „изеде“ долгиот видео формат, кој е главен извор на профит речиси две децении.

„Фајненшл тајмс“ објави дека приходите од рекламирање на „YouTube“, иако се подобруваат неодамна, се на надолна траекторија три последователни квартали во споредба со претходната година.

Компанијата се обидува да најде решение за да заработи повеќе од „Shorts“, содржина со кратки форми дизајнирани како ривал на „TikTok“.

Подолгото видео овозможува прикажување на повеќе реклами, но како што „Shorts“ постепено ја преземаат контролата, создавачите објавуваат сè помалку долги видеа. Вработените во „YouTube“ се загрижени за сегашните внатрешни бројки.

Без разлика дали тоа им се допаѓа или не на постарите корисници на оваа платформа, „YouTube“ треба да поддржува „Shorts“ додека форматот расте во популарност. Тоа вклучува додавање нови функции, како што се повторувања со вештачка интелигенција и најважни моменти од „NFL“, како и инвестирање во создавачи на „Shorts“ и охрабрување да создаваат ексклузивна содржина за услугата на „YouTube“.