Home Наука и техонологија Вештачката интелигенција Zebra-Med прегледува резултати и поставува лекарска дијагноза

Вештачката интелигенција Zebra-Med прегледува резултати и поставува лекарска дијагноза

Zebra Medical Vision е израелски медицински „старт-ап“ кој ја презентираше својата услуга која на корисниците ќе им овозможи пристап до вештачката интелигенција.

За само 1 долар пациентите ќе можат да ги испратат резултатите од прегледите и да добијат преглед од вештачката интелигенција, јави Engadget.

Вештачката интелигенција може да прегледа и дијагностицира резултати од магнетна резонанца и компјутерска томографија. Потоа може да детектира болести на белите дробови, срцето и коските. Овие резултати потоа одат на контрола кај радиолог кој ќе советува соодветен третман.

Во моментов може да детектираат 11 различни болести, а до крајот на 2017 година ќе бидат додадени уште 6. Засега ова не е голема бројка, но секако е показател во која насока ќе се движи здравствената заштита во иднина.

Вештачката интелигенција може многу побрзо и барем подеднакво точно да дијагностицира неколку болести. Во иднина секако вештачката интелигенција ќе станува, подобра и подобра што ќе им остави повеќе време на лекарите за пациентите.

Според најавите, технологијата на Zebra-Med ќе биде достапна и во државите во развој. Ова би можело да овозможува значително подобра здравствена заштита во иднина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…