Велосипедисти во Виена по домови доставуваат ПЦР тестови за лица со симптоми на коронавирусот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


130 велосипедисти во Виена започнуваат со доставување на бесплатен ПЦР тест на лица со симптоми на коронавирус, за тие да не мора да ги напуштаат своите домови за да се тестираат..

Во име на здравствените власти, куририте собираат и доставуваат до илјада тестови секој ден во различни лаборатории во главниот град на Австрија. Резултатите се добиваат од 24 до 48 часа, а на пациентите им се соопштува преку веб-страница на која може да се пристапи со персонализиран ПИН-код испратен преку СМС-порака до мобилниот телефон на пациентот.