Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во Австралија се спрема една од најраскошните венчавки на сите времиња во таа земја, а како што пренесува Daily Telegraph, раскошната сиднејска венчавка ќе го придвижи венчавањето на ново ниво со раскошот и необичните подароци.
Мултимилионерот Невил Криктон ќе се жени со својата 34 години помлада вереница, Нади Хасандедиќ, во историската Голема сала од универзитетот во Сиднеј, што наводно била нејзина голема желба.
Во морето трошоци кои сите „младенци“ треба да ги подмират, Невил има и еден необичен – зетот одлучи на историската градба стара 167 години да подари нови WC-а. Секако, причината за тоа е себична, зградата моментално нема доволно тоалети за сите нивни гости на свадбата, а постоечките наводно не биле по вкус на невестата.
Австралиските медиуми не престануваат да зборуваат за 74-годишниот богаташ чие богатство се проценува на 400 милиони австралиски долари и неговата вереница со босанско потекло. Криктон се збогати со трговија со луксузни автомобили, а најпознат е како увозник на Ферари за Австралија.
Трошокот за свадбата се проценува на околу милион долари, а после свадбата брачниот пар ќе живее во луксузна куќа во Поинт Пајпер, источно предградие на Мелбурн.