Home Актуелно Велешките марула и спанаќ полни со тешки метали

Велешките марула и спанаќ полни со тешки метали

Резултатите од анализите кои ги изврши Агенцијата за храна и ветеринарство покажаа дека велешките марули и спанаќ содржат високо присуство на тешки метали, пренесува СДК.

Во една мостра на марула е констатирано присуство на кадмиум од 0,368 мг/кг, што е далеку повеќе од максимално дозволените 0,050 мг/кг. Во примерок од спанаќ е утврдено присуство на кадмиум од 0,373 мг/кг, а во друг примерок имало и 0,645 мг/кг, како и олово 0,360 мг/кг. Максимално дозволена вредност на оловото во спанаќот и марулата е 0,3 мг/кг.

Овие вредности се пронајдени со испитувањата во 2018 година. Во 2017 во спанаќот било констатирано присуство на кадмиум од 0,574 мк/кг. Мострите се земаат од зелените пазари, па од АХВ не можат да кажат во кои делови од велешко се одгледуваат спанаќ и марула со така високи концентрации на тешки метали, кои се опасни по здравјето на луѓето. Во млад кромид и во грозјето не се пронајдени високи концентрации на тешки метали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…