Зекири изрази сомнеж дека Иванов и Џафери биле договорени за имунитетот на Вељаноски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Апсолутно тврдам дека лично го немам навредено претседателот на Собранието. Тој направи таков скандал. Ова не го направил на своја рака, туку е смислено од ДУИ, затоа што ден претходно пратениците знаеја дека ќе има комисија, нивниот пратеник го снема, наводно бил болен, но тоа е друга работа“, тврдеше пратеникот Мухамед Зекири на гостувањето во емисија заедно со Алберт Муслиу кај Ацо Кабранов во ТВ1.

„Кого сакаат да лажат или манипулираат? Вечерта Џафери го смени исказот, кажувајќжи дека немал што да стави на гласање. Тоа е чиста манипулација на Џафери. Затоа е и реакцијата таква каква што е затоа што на 27 април ниту еден пратеник на ДУИ не беше нападнат. На 27 април со жив штит Заев го бранеше Џафери да не му фали влакно и сега токму тој дозволува на обвинет за организирање на крвавиот четврток да не му се одзеде имунитетот. Јас се сомневам дека има договор меѓу нив и затоа многу лежерно се однесуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и беа смирени“ – рече Зекири, кој додаде дека ДУИ е нужно зло.

Зекири во разговорот истакна дека се сомнева дека Џафери имал договор со претседателот Иванов за да се задржи имунитетот за Трајко Велјановски.

Додаде дека Иванов уште утредента по прекинувањето на седницата за имунитетот на Велјановски потпишал указ со кој унапредил фаворит на Талат Џафери на позиција генерал.