Падна договор: СДСМ и ДУИ ќе одат со консензуален претседателски кандидат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешните преговори меѓу премиерот Зоран Заев и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, тие се договорија да ја надградат и проширија коалицијата со заеднички претседателски кандидат. Кој ќе биде фаворит на власта Ахмети одби да каже, не одговори ниту кој е најприфатлив за него.

Лидерот на ДУИ порача дека разговорите за кандидатот ќе се знае в петок. На маса е четворката Пендаровски, Спасовски, Димитров и Шеќеринска. Според партиски извори – Пендаровски и Спасовски се на врвот на листата. За лидерот на Мала Речица битно воопшто не е прашање учеството дали ДУИ останува во влада. На потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на македонски, му порача за него важен е зборот на лидерот на СДСМ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го напушти собранието без да даде изјава за средбата со коалицискиот партнер. Од СДСМ само кусо велат дела очекуваат подршка и од другите партии.