ЕВН повторно избран за снабдувач со електрична енергија за домаќинствата

????????????????????????????????????

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ЕВН останува официјален снабдувач на домаќинствата, но граѓаните ќе бидат заштитени од ценовни шокови, тврди вицепремиерот Кочо Анѓушев во официјалното известување кое го даде за ова прашање.

ЕВН Македонија понуди најниска маржа од 11,5 отсто. Тој е обврзан со оваа маржа да си ги покрие сите давачки што значи дека ќе мора да ги намаи трошоците ако сака да има поголем профит.

За граѓаните нема ништо да се промени во процедурата за добивање струја. Тие нема да имаат потреба да потпишуваат нови договори со компанијата.

Кон средината на месецов земјава доби критика од Секретаријатот на Енергетска заедница дека доцни со изборот на универзалниот снабдувач и воопшто со либелизацијата на пазарот.

-Балансирањето на пазарот на електрична енергија за жал се уште не е регулирано, во законот се предвидени правила до 1 јануари годинава, но тоа не се случи. Регулаторната комиисја за енергетика се уште е во процес на консултации, но важно е овој процес да се финализира до првата половина на годинава, рече директорот на Секретаријатот Енергетската заедница, Јанез Копач.

Од либерализацијата најголем ќар ќе имаат помалите компании, кои на слободниот пазар ќе можат да купуваат поевтина енергија за 20 до 30 отсто. Анѓушев предупреди дека на граѓаните во моментов не им се исплати да излезат на слободниот пазар.