Политиката пред музиката: Украина откажа учество на Евросонг – еве ја причината


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Украина целсно се откажа од учеството на овогодинешното издание на Евросонг. Причината за таа одлука ја донеле откако нивната избрана претставничка одбила да ја откаже својата концертна турнеја во Русија.

Украинската државна телевизија објави дека Украина се повлекува од натпреварот за песна на Евровизијата , откако победничката на националниот натпревар одбила да ја откаже турнејата низ Русија.

Украина требаше да ја преставува пејачката Хана Корсун, позната под уметничкото име Марув. Уште тројца натпреварувачи на националниот избор , кои според бодовите биле зад Марув, одбиле да потпишат договор со телевизијата дека нема да настапуваат во Русија.

Според дел од медиумите, украинската песна била една од фаворитите на годинашниот Евросонг, што во мај ќе се одржи во Израел.