Веќе не се кријат: Хари и Меган опуштени во ноќен провод, се шушка и дека таа се пресели кај него


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Заљубените птици конечно излегоа во јавност. Откако магазините почнаа на секој чекор да ја следат актерката Меган Маркл, позната по улoгата Рејчел во серијата Suits, сите почнаа да шпекулираат за тајната врска со принцот Хари. Таа дури и неколку пати беше во посета на Британија.

Извор близок до парот тврди дека во последните пет недели, Меган се преселила во домот на Хари, во палатата Кенсингтон и дека тие двајца се неразделни.

Токму пред две вечери парот излегол на вечера во Лондон, каде што се појавиле фатени за рака. Ова значи дека Хари конечно реши да се смири од ергенскиот живот и дека е навистина заљубен.

„Иако се заедно од крајот на претходната година, изгледа дека врската ја доведоа до понапредно ниво. Меган се пресели кај Хари, му готви, тој оди во теретана, се враќа и постојано се заедно“, изјавил извор близок до парот.