Филм / ТВ

Вечна дилема: Дали ќе куртулеше ако се качеше на даската до неа?

Џејмс Камерон, режисерот на легендарниот филм „Титаник“, се обидува да стави крај на 20-годишната дебата за тоа дали имаше доволно простор за Џек (Леонардо ди Каприо) на штицата која и го спаси животот на Роуз (Кејт Винслет). Оваа дебата се прошири на тоа дали ќе ја издржи тежината на двајца луѓе.

„Никогаш нема да те пуштам“, Џек, му вели Роуз во завршната сцена од филмот, а всушност го пушта и бара помош. Обожавателите со години велат дека тој можел да се спаси, доколку Роуз не била така себична. Сепак, според режисерот, тоа се само глупости.

Во едно интервју за веб сајтот TheDailyBeast, кога го запрашале токму за тоа прашање тој кажал дека тоа стоело во сценариото, а потоа објаснил зошто не би преживеал.


„Ајде да се вратиме на овој случај и да расчистиме: Ти си Џек и се наоѓаш во вода која е со температура под 0 степени, па мозокот е во состојба на хипотермија. Научниците од Mythbusters бараат од тебе да го извадиш спасувачкиот елек, да го извадиш и нејзиниот, да испливаш под штицата, да се фатиш за нешто цврсто кое нема да потоне во рок од две минути – што значи дека си под вода трудејќи да го откопчаш елекот во мраз ладна вода, што ќе ти требаат 5-10 минути, па додека да го направиш само тоа, ти си веќе мртов. Па, ете тоа нема да успее. Неговиот најдобар избор беше да го држи горниот дел од телото над водата и да се надева дека ќе дојде некој спасувачки брод да го издигне пред да почине“, додал Џејмс.

Токму во таа епизода од „Mythbusters“, научниците заедно со Џејмс работеа на овој случај што тој го раскажа за да видат дали тој ќе преживее. Научниците мислат пак сосем спротивно од Џејмс, дека Џек навистина би преживеал ако го направел тоа. Сепак, последниот збор го има режисерот на филмот.

Advertisements
To Top