Музика

Вечерва прво полуфинале на Евровизија – Гарванлиев настапува шести

Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев вечерва ќе настапи шести по ред на првото полуфинале на 65. издание на избор на песна за Евровизија во Ротердам, Холандија.

Васил вечерва ќе ја отпее песната „Here i stand“. Шеснаесет земји ќе учествуваат во првото полуфинале и тоа Латвија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина, Малта, Германија, Италија и Холандија.

Настанот оваа година ќе се одвива по строги правила, кои ги наложи владата на Холандија. На првото и второто полуфинале, вечерва и во четврток, како и на финалето во сабота ќе присуствуваат 3500 гледачи, со негативен ковид-тест, што е 20 отсто од капацитетот на салата „Aхој“.

За гледачите кои навикнаа да гледаат море од знамиња во публиката и да ги следат учесниците во „зелената соба“ како се прегрнуваат и слават, годинешното издание ќе биде поинакво. Изведувачите ќе под строги правила кои ги издаде холандската влада.

To Top