Вечерва од 20 часот до 2 часот по полноќ спектакуларен „онлајн“ концерт на најголемите светски музички ѕвезди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва, со почеток во 20 часот, во организација на Лејди Гага, ќе се одржи он-лајн концерт наречен One World: Together at home, на кој ќе учествуваат најголемите лица на музичката и шоубизнис индустријата во моментов, а присуството го потврдија и легендарните Ролинг Стоунс.

Концертот ќе се одржи вечерва, во соработка со Светската здравствена организација и организацијата Citizen, со цел сите луѓе на светот да се чувствуваат заедно, да го надминат својот страв од иднината и да добијат надеж.

Концерот ќе почне во 20 часот и ќе трае до 02 часот по полноќ.

Меѓу оние што ќе настапат се: Селин Дион, Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Амстронг од Грин Деј, Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, Идрис и Сабрина Елба, Џ. Балвин, Џон Леџенд, Кејси Масгрејвс , Кит Урбан, Кери Вашингтон, Ланг Ланг, Лицо, Малума., Пол Мекартни, Пријанка Чопра Џонас, Шах Рух Кан и Стиви Вондер.

Програмата ќе ја водат Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колберт.

Гага ги повика сите да уживаат во музиката и рече дека не треба да плаќаат ништо затоа што собрале 35 милиони долари преку донатори.

„И покрај тоа што физички не можеме да бидеме заедно, ајде да го сториме тоа преку интернет“, рече таа.

Концертот можете да го следите на Фејсбук, Инстаграм, ЈуТјуб и други платформи.

Задоволството околу организацијата на овој концерт го споделија многумина, како Боб Гелдоф, кој беше ко-домаќин на култниот Live Aid во 1985 за да им се помогне на гладните деца во Етиопија на 13 јули на стадионот Вембли во Лондон и на стадионот ЏФК во Филаделфија .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Rolling Stones (@therollingstones) on

Преку Инстаграм ,своето присуство дополнително го потврдија и легендарние Ролинг Стоунс.