Дали и колку време може да се задржи коронавирусот на косата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Информациите за коронавирусот со кои луѓето секојдневно се бомбардираат преку медиумите и социјалните мрежи се во огромен број, па многу потешко е да се издвојат и осознаат вистинските и точните, од оние кои не се баш најверодостојни.

Луѓето се просто збунети од реката информации кои се однесуваат на начините на ширење и како да се заштитите од вирусот.

Меѓу големиот број прашања кои ги интересираат луѓето се и оние за тоа колку долго вирусот се задржува на одредена површина.

Група истражувачи од Универзитетот Днјепропетровски во Украјна се бавела со прашањето колку вирусот се задржува на косата, со оглед на тоа дека голем број луѓе сакаат со раце да ја добираат својата коса.

Според нивните сознанија, мрсната коса го задржува вирусот и до 48 часа, па се препорачува редовно миење.

Ова е посебно интересен податок за мажите без коса, кои сега имаат причина да се задоволни поради тоа што се лишени од можноста за правење фризура и допирање на косата.