
Шон Хенити и Ејнсли Ерхарт официјално стапија во брак. Водителите на „Фокс њуз“, кои имаат 64 и 50 години, се венчаа во саботата, на 24 октомври, во Палм Бич, Флорида, речиси две години откако ја објавија свршувачката.
Свадбената церемонија се одржа во историската црква „Бетезда покрај морето“, каде што Хенити ја запроси Ерхарт за Божиќ во 2024 година.
Според „Фокс њуз“, на венчавката присуствувале нивните деца, членови на семејствата и блиски пријатели.
Ерхарт, која е една од водителките на „Фокс енд френдс“, носеше венчаница од „Оскар де ла Рента“.
Двојката размени лични брачни завети на церемонија што ја водеа нивните свештеници. Беа читани и извадоци од Библијата, во духот на верата што ја споделуваат.
По венчавката, младенците ја продолжија прославата со приватен прием во клубот „Еверглејдс“ во Палм Бич.

Меѓу познатите гости беа Лора Инграм, Дејна Перино, Брет Баер, Стив Дуси, Брајан Килмид, Харис Фокнер, Ненси Грејс, Џилијан Мајклс, Гери Левокс и Ли Гринвуд.
На свадбата присуствуваа и Ерик Трамп, Лара Трамп, Каролин Левит и Њут Гингрич, како и гувернерот на Флорида, Рон Десантис, и сенаторот Тим Скот.
Еден ден претходно, Хенити и Ерхарт приредија предсвадбена прослава во Мар-а-Лаго, на која им се придружија претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп. Сепак, претседателот не присуствуваше на самата венчавка во саботата.
По свадбата, двојката објави заедничка изјава во која ја сподели радоста по повод стапувањето во брак.
„Срцата ни се исполнети со љубов и благодарност додека заедно го започнуваме ова ново поглавје како сопруг и сопруга“, порачаа тие.
Хенити и Ерхарт ја објавија свршувачката во декември 2024 година. Нивната врска стана јавна во 2020 година, но тие главно ја чуваат својата приватност.
Ерхарт ја има ќерката Хејден од бракот со поранешниот сопруг Вил Проктор, додека Хенити има две деца, Патрик и Мери, од бракот со поранешната сопруга Џил Роудс.
Извор: Just Jared