Вардарки го допреа пехарот, но шампионската титула ја однесе Ѓер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарките на Вардар не успеаја да ја освојат титулата во Лигата на шампионите, откако во финалето, во продолженијата, загубија од Ѓер со 31:30.

Двете екипи во првото полувреме играа изедначено, најголемата разлика Ѓер ја направи во 17-та минута, кога поведе со 14:10. Но, со дисциплинирана игра во одбраната, Вардар намали и на полувреме се отиде со предност од 15:12 во полза на Унгарките.

И во второто полувреме Ѓер постојано водеше, сè до 53 минута, кога вардарки изедначија на 24:24. Финишот на мечот мина со грешки на обете страни, а во последните 30 секунди Вардар имаше и напад со можност да победи, но сепак, регуларниот дел на мечот заврши 26:26.

Во првото продолжение Ѓер влезе фуриозно и постигна три гола, со што резултатот гласеше 29:26, но ракометарките на Вардар се повратија од шокот и намалија на 29:28.

Во второто продолжение Вардар започна со напад, но не реализираше, а Унгарките казнија и поведоа со 30:28.

Лакрабер од пенал намали на 30:29, но во нападот за израмнување направи пробивање. Ѓер преку Морк повторно отиде на плус два, а Лакрабер реализираше уште еден пенал за 31:30, што на крајот беше и конечен резултат бидејќи Ѓер изведе доволно долг напад за да го потроши времето до крајот на вториот дел од продолжениетo.

Вардарки реагираа на одлуката на данските судии да дозволат толку долг напад на Ѓер, но сепак, нивната одлука остана конечна.

Со ова унгарскиот тим ја освои третата европска титула, додека Вардар останува да се надева дека во следната натпреварувачка сезона ќе го оствари својот најголем успех.