Вардар во ЛШ е вториот најдебел тим (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес започнува ракометната Лига на шампионите, меѓутоа ние ја чекаме сабота кога Вардар ќе ја започне сезоната во која ќе ја брани европсктата титула, Еурофарм својот натпревар го игра ден подоцна.

Пред почетокот ЕХФ пред неколку дена го објави ранкигот за фаворити за тронот и на таа листа црвено-црните беа рангирани на седмата позиција.

На официјалната страна се појави и една интересна статистичка категорија. Имено, ракометарите на Вардар имаат просечна тежина од 98.1 килограми и само тимот на Веспрем има потежок тим (100.6 килограми).

Кога ќе се пресмета просекот на сите екипи се доаѓа до 92.5 килограми, а ракометарите на вториот македонски претставник Еурофарм е под просекот со 90.6 килограми, пишува Спортски.мк

Кога се годините во прашање и Вардар и Еурофарм се под просекот.

Според височината Вардар се наоѓа на седмата позиција, тука Еурофарм се наоѓа на претпоследната позиција.