Home Спорт Вардар е четвртфиналист: Ќе одиме на победа за навивачите!

Вардар е четвртфиналист: Ќе одиме на победа за навивачите!

Ракометарите на Вардар со натпреварот против Кристијанштад, в недела, ќе ги завршат натпреварите во Б групата во Лигата на шампионите.

Иако македонскиот шампион е веќе четвртфиналист, сепак капитенот Стоилов вели дека тимот мора да победи за навивачите.

„Без разлика на сè ние сме први во групата. Но, сепак ние сме професионалци и на самите себе, а и на навивачите им должиме победа. Сериозно му пристапуваме на натпреварот со Кристијанштад и се надевам дека со победа ќе ја завршиме оваа фаза“, изјави Стоилов.

Тренерт Раул Гонзалес, истакна дека Кристијанштад е добра екипа која игра брз ракомет и има исклучително добар контранапад.

„Сите треба да го дадат максимумот за да победиме. За Кристијанштад ова е важен натпревар, од него им зависи пласманот во осминафиналето и сигурно е дека ќе влезат со намера да победат. Играат брзо, играат добро во контранапади, имаат добар голман, затоа ќе треба бргу да се враќаме во одбрана“, рече Гонзалес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…