Славни

Ѕвездата од новата верзија на „Беверли Хилс“: Пријател ме силуваше додека спиев

Аналин Мекорд, позната по улогата на Наоми во новата верзија на „Беверли Хилс“ насловена „90210“, проговори за трауматично искуство што го доживеала кога имала 18 години.

Актерката раскажала дека била силувана од пријател додека спиела и дека заради тоа сакала да се убие.

Не барав помош откако го доживеав тоа, се преправав дека ништо не се случило и продолжив со животот, изјавила 29-годишната Мекорд.

Аналин Мекорд раскажала дека во времето на немилиот настан пријател спиел кај неа дома. Таа се разбудила сред ноќ и сватила дека пријателот ја силува. Со години, вели, се обвинувала за она што и се случило.

– Мислев дека се ќе биде во ред, но со текот на времето станав депресивна и суицидална. Се сечев по рацете – се потсетила Мекорд.

Со трауматичното искуство се соочила во моментот кога морала да глуми сцена во „Беверли Хилс“ во која ја силува професор.

Оваа актерка денес им помага на жртвите на силување и смета дека општеството се уште има погрешна претстава за оние што поминале низ такво искуство.

– Го напуштив домот кога имав 15 години. Сама во Њујорк излегував, пиев и играв по маси во мини здолниште. Но, ништо од тоа немаше улога во случајот со моето силување. Бев во сопствената куќа, пуштив пријател да преспие кај мене, а тој ме искористи – раскажала Аналин Мекорд.

Таа пред три години го сретнала силувачот во ноќен клуб и била шокирана кога слушнала дека тој на неговите пријатели им раскажува дека таа со години е заљубена во него.

– Ме тргна на страна и сакаше да разговара со мене. Кога го потсетив на тоа што се случи, тој рече: Што зборуваш? Таа ноќ меѓу нас беше прекрасна – се присетила уште актерката.

Актерката има порака за жените кои поминале низ такво лошо искуство: „Проговорете за тоа. Немојте да се затворате. Не дозволувајте да ве замолчат со пристојни лаги“.

Актерката истражувала студии зошто не реагирала во моментот на злоставувањето и утврдила дека телото во тој момент буквално и било парализирано од страв.

To Top