Ванковска: Ваков (куклен) театар на апсурд нема да најдете нигде на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил ги коментираше последните случувања во Македонија, со прилично провокативни заклучоци. Го пренесуваме во целост:

„Ваков (куклен) театар на апсурд, со толкав број глумци, почнувајќи од Трите хероини, па до Груевски, Заев и Мијалков, со неизбежниот папет-мастер кој ги движи конците од заднина, нема да најдете нигде на светот.

И целата приказна за правда и мир беше и останува „гола вода“ – за гола геополитика. Дури ни Тамара не е она што мислевме, па ни Министерот за смрт. Криминалот и корупцијата се живи и здрави – све је исто само њега нема.

Стаорците први го напуштаат бродот. И овие што се тука, можам да се обложам, ќе заминат, порано или подоцна, со (полни) куфери. Ние ќе останеме да чмаеме во темен вилает, во црна колонија на дното на Балканот. И што е најстрашно ќе продолжиме да си вадиме очи – како најизвежбана историска дисциплина.

Епа, добро утро Македонијо, каде и да си!“, пишува професорката Ванковска.