Вака жешката Исоарди му раскина на италијанскиот вицепремиер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сексапилната Елиса Исоарди со една скокотлива фотографија која ја објави на Инстаграм, му даде до знаење на италијанскиот потпретседател на владата и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, дека става крај на нивната љубовна врска. За да биде ситуацијата уште попикантна, Салвини беше на службено патување во Африка кога Елиса ја објави фотката.

Објавувајќи нивна заедничка фотографија на која тие се во интимна поза во кревет, Исоарди во описот на фотографијата пиша дека става крај на врската со потпретсеедателот на италијанската Влада. Раскинувањето стана топ тема во италијанските медиуми, па дури и ги засени вестите кои се однесуваат на трагичниот биланс од невремето во Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elisa Isoardi (@elisaisoardi) on

„Она што си го дадовме еден на друг нема да ми недостасува., туку она што можевме да си го дадеме. Со голема почит кон вистинската љубов , ти благодарам Матео“, напиша Исоарди покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elisa Isoardi (@elisaisoardi) on

Во текот на трите години на врската меѓу неа и Салвини , тие повеќе пати биле на анасловните страници на медиумите , а папараците ги следеле во чекор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elisa Isoardi (@elisaisoardi) on

Во моментот кога 35-годишната Елиса ја објави фотката, Салвини како министер за внатрешни работи на Италија бил во авион на службен пат кон Гана.