Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
За британската раскошна убавица Кели Брук нема кој не чул досега, а веројатно сте чуле и дека научниците за нејзиното тело сметаат дека е со идеални димензии кои треба да ги има женската телесна перфекција.
Имено, според студијата направена на универзитетот во Тексас, токму така треба да изгледа идеалното женско тело.
Истражувањето ги зело во предвид висината, тежината, должината на косата и формата на лицето. Од тоа се испоставило дека телото за кое повеќето жени рекле дека „би изгледало подобро со некој килограм помалку“, за мажите изгледа беспрекорно.
„Оваа жена е целосно природна и научно совршена“, велат авторите на студијата.
Брук никогаш не се подложила на пластични операции, а нејзиното тело отсекогаш изгледало здраво. Сепак, призна дека се има соочено со навреди и дека некои модни агенти ја нарекуваат „потечена“. Ама нив веројатно им фали некоја даска во мозокот или имаат проблеми со видот. 😀