Вацке: Обамејанг има договор до 2100, сигурно нема да го продадеме ефтино!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке ја коментираше ситуацијата со ѕвездата Пјер Емерик Обамејанг.

Во последно време се почести се шпекулациите дека Обамејанг на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија, а и самиот фудбалер ја отвори можноста за такво нешто.

Вацке вели дека сите во клубот се мирни околу иднината на Африканецот и дека сигурно нема да го продадат ефтино со оглед на должината на неговиот договор.

„Ако добиеме понуда за него, ќе размислиме. Кај нас нема притисок, какви што беа случаите со Хумелс или Михтаријан. Договорот на Обамејанг е до 2100 година или нешто слично“, истакна Вацке.

„Нема многу клубови кои се поголеми од нас. А и неговата плата кај нас е доста добра. Ако добиеме понуда, ќе ја разгледаме. Но поради неговиот договор, нема начин како да го продадеме евтино“, додаде директорот на „милионерите“.