Музика

Утка на Тамара во американската амбасада за „4 Јули“ – го згреши текстот од химната

На свечениот прием во американската амбасада по повод нивниот национален празник „4 Јули“, за време на изведбата на македонската химна, пејачката Тамара Тодевска направи утка при интерпретацијата и го згреши текстот прескокнувајќи го делот во кој се споменуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански.

Пред почетокот на официјалниот дел од програмата на приемот во амбасадата на САД во Скопје, по повод националниот празник за денот на независноста, македонската химна ја изведе Тамара Тодевска. Случајно или не, за време на интерпретацијата на Тодевска беше заборавен токму делот од втората строфа од химната во кој се споменуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански. Први на ова реагираа здруженијата на Македонците од Бугарија и потсетија на актуелните разговори меѓу експертите на двете земји за тоа чиј е Гоце Делчев. И на социјалните мрежи има голем број на реакции на овој потег на Тамара Тодевска.

Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на aмбасадата на САД во Скопје, Македонија, за неприфатливата грешна македонска национална химна испеана од Тамара.

ОМД цврсто верува дека ова не е грешка, туку намерно, поради некои повици за промена на химната на Македонија (Тиранската платформа) бидејќи Бугарија инсистира на тоа овие историски личности да бидат етикетирани како бугарски во учебниците за историја на Македонија. Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ ако овие барања не бидат исполнети.

Изведбата на видеото подолу почнува на 2:30 минута.

Advertisements
To Top