Home Вебкафе Усмртува сè што ќе падне во неа: Најдена „зовриената река“ во амазонската прашума

Усмртува сè што ќе падне во неа: Најдена „зовриената река“ во амазонската прашума

Перуанскиот геотермален научник Андрес Рузо, заедно со неговиот истражувачки тим, трагале по мистериозната река чија вода буквално врие, а која се крие во длабоката внатрешност на амазонската прашума. Рузо уште како мал, од својот дедо, слушал приказни за оваа река.

Првото што го утврдиле откако ја пронашле „зовриената река“ била фактот дека таа навистина е жешка, но сепак, не вриела како што кажувала легендата. Измерената температура изнесувала околу 93 Целзиусови степени, со некои варијации во текот на денот.

Таквата висока температура предизвикува постојано испарување над површината од реката, а жештината е доволна да му пресуди на секакво живо суштество што ќе влезе во реката.

Една од тезите за високата температура на речната вода е дека таа најверојатно се должи на некаква вулканска функција, односно е резултат на претходно незабележани теченија на магма.

Друга теорија (многу помалку веројатна) вели дека температурата е резултат на катастрофа – како, на пример, верижна подземна реакција која е покрената од некоја од блиските нафтени компании.

Трета верзија е дека водата доаѓа од длабочините на Земјата, каде што температурата на водата природно е екстремно висока, но научниците не можат со сигурност да го докажат овој импресивен и многу опасен природен феномен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…