Home Шоубизнис Уште еден фан на Миленко: Шекил О’Нил тврди дека Земјата е рамна плоча

Уште еден фан на Миленко: Шекил О’Нил тврди дека Земјата е рамна плоча

Шек отсекогаш важел за шегаџија, па многумина уште се надеваат дека и во случајов станува збор само за мајтап. Некогашната ѕвезда на Лејкерси неодамна „откачи“ дека верува оти Земјата е рамна плоча.

На молба беше побарано од него да го прокоментира ставот на Кајри Ирвинг, според кого Земјата не е тркалезна, туку рамна. На општо изненадување на соговорникот на Шек, Џон Кинкејд, О’Нил отворено изјави:

„Вистина е. Земјата е рамна. Земјата и тоа како е рамна“.

Она што го понуди како аргумент е фактот дека кога се возел со автомобил од едниот до другиот брег на САД, не забележал никакво закривување:

„Кога возам од Флорида до Калифорнија, сè е рамно и автомобилот не оди горе-долу. А и таа гравитацијата? Дали некогаш сте ги виделе зградите во Атланта“, рече О’Нил.

Се надеваме и веруваме дека беше саркастичен, бидејќи во спротивно ќе им се придружи на групата познати (но не нужно и едуцирани) личности кои тврдат дека Земјата не е елипсовидна, туку рамна плоча и дека гравитацијата е лага, дека Сонцето се врти околу нас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Откриена листата на песни на Одри Хоберт за турнејата „Скалила до ѕвездите“ 2026

Одри Хоберт ја започна својата турнеја „Скалила до ѕвездите“ и листата на песни од првата …