УЕФА подели 150 милиони евра за ЕП – еве кој доби најмногу!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот на клубовите од Европа им подели 150 милиони евра како надомест за тоа што ги ослободиле играчите во квалификациите и самата завршница на ЕУРО 2016.

Парите се дел од Фондот за солидарност во вредност од 150 милиони евра што УЕФА ги додели на 54 земји кои беа дел квалификациите за Европското првенство и во финалната фаза од турнирот.

Врз основа на финансискиот извештај објавен денеска од страна на УЕФА, Вардар за своите членови во репрезентацијата доби 148 илјади евра. Работнички врз основа на учеството во репрезентацијата доби 115 илјади. Шкендија доби нешто повеќе од 31 илјади евра од УЕФА, додека пари добија и Металург и Брегалница од Штип.

Од европските клубови најмногу доби Јувентус, шампионот на Италија инкасирал околу 3.48 милиони евра, зад него е Ливерпул со 3,39 милиони евра, а потоа следува Тотенхем со 3,06 милиони евра.

Вкупно УЕФА подели 150 милиони евра, бројка која се зголеми за 50 милиони евра во споредба со Евро 2012 година. Врз основа на правилникот на УЕФА, секоја екипа добива од 3.536 евра за секој натпревар.