Home Актуелно Уапсени лицата кои тепаа девојче во Штип и се снимаа – според Тортевски им виси казна до 5 години затвор

Уапсени лицата кои тепаа девојче во Штип и се снимаа – според Тортевски им виси казна до 5 години затвор

Штипската полиција информираше дека се приведени двете лица кои се малтретираа и тепаа 21-годишна девојка во станбена зграда и сето тоа го снимаа со мобилен.

Снимката која ја направиле двете лица за време на немилиот настан кружеше на социјалните мрежи.

Од штипското јавно обвинителство соопштија дека дале насоки и чекаат да заврши постапката околу собирањето на доказите за случајот.

Тимот од Центарот за социјална работа-Штип на девојката веќе има понудено психосоцијална поддршка.

Случајот наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи, а граѓаните бараат најстроги казни за насилниците. Според адвокатот Александар Тортевски делото е извршено од 2 лица и потпаѓа под став 3 за кој е предвидена казна затвор до 5 години. Ако и била нанесена тешка тел. повреда, казната е до 10 год.

Девојка која беше тепана од двајцата штипјани за новинарот Фуркан Салиу изјави дека видеото е старо два месеци. Таа вели дека била во врска со еден од двајцата насилници, но раскинале.

„На татко ми му е лошо откако синоќа го виде видеото на кое ме тепаат со клоци. Тој не заспа и само пуши цигари… Пепи ми се закануваше, јас и тој одамна раскрстивме, ама не сакав да си имам проблеми. Бев лом, ме тепаа со клоци“ – вели девојката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…