Home Шоубизнис „Македонско девојче“ модифицирана на грчки за да ги реметат Мицотакис и десничарите

„Македонско девојче“ модифицирана на грчки за да ги реметат Мицотакис и десничарите

Грчките левичари, кои како и секоја друга лево ориентирана интелектуала, имаат многу против НАТО, а локално немаат ама баш ништо против Македонија, ја препеаја „Македонско девојче“ со текст со кој му задаваат удари „под појас“ на Мицотакис и закоравените грчки десничари.

Еве го и текстот во превод на ОфНет.

Некогаш одевме на националистички протести за Македонија,
и не ни беше гајле што нацисти палеа керпичи во близина,
илјадници нè имаше, за да му кажеме на комунистот Ципрас:
„Македонија е една и е грчка!“
но кога мојата партија дојде на власт,
Преспанскиот договор почна да не изгледа толку лошо.

„Никогаш во Битола на кафе“,
„Никогаш повеќе во Охрид на сладолед“,
„Никогаш повеќе на забар во Гевгелија“,
„Никогаш на скијање во Маврово“

Такви работи зборував за избори,
но деновиве за моите проблеми криви ми се мигрантите.

Иако сум невработен и имам многу проблеми,
упорно верувам во сè што ќе ми кажат оние горе,
сега сите сме во НАТО, таа прекрасна алијанса,
па можеме да бомбардираме недолжни луѓе по светов,
а кога и да се појават мигранти на нашите граници,
ќе бидеме потсетени кој ни е крив за проблемите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Торбата е убава, но патиките на Милица Павловиќ се моден императив за сезоната – совршени и за преку ден и за навечер

Патиките на Милица Павловиќ се полн погодок Фото: Иван Вучиќевиќ Популарната пејачка Милиц…