Туризмот крахира поради коронавирусот – туристичкиот сектор бара мерки за помош од владата


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Македонскиот туристички сектор е на колена и пред целосен колапс поради новонастанатата ситуација со коронавирусот. Македонските граѓани не прават туристички резервации за странските земји, а од друга страна, ниту странски туристи резервираат посети и тури во Македонија.

Тури за Велигден речиси и да нема. Туристичките агенции во страв – ако состојбата со коронавирусот продолжи, нула ќе изнесува бројот на туристи до крајот на мај, а веројатно и во јуни. Сите претходно закажани аранжмани за овој период, странските агенции веќе ги откажале. Загубите на туристичките агенции изнесувале и до 80% во февруари и март, пренесува Алфа.

Владата мора да го спречи банкротот на фирмите од туристичкиот сектор – реагираат засегнатите. Од коморите за туризам излегоа со бројни барања до Владата. Привремено да се ослободат хотелите, агенциите и превозниците од придонеси и даноци на личен доход за вработените во период од 6 месеци, итно формирање на фонд за ублажување на штетите, пренамена на пари, помош при конфликти поради прекин на договори се само дел од нив.

Од коморите уверуваат дека туристичките агенции нивни членки организирано не пуштиле ниту еден патник во Италија за 8 март. Сепак, тури имало за локации во Франција и Германија каде исто така има голем број на заболени.

Критикуваат дека и покрај тоа што нискобуџетниот авиопревозник Визер ветил дека ќе ги врати парите за купените билети, сумата не била рефундирана во целост туку едвај 10% од неа.

Ги повикаа сите, кога веќе ограничено можат да патуваат во странство, да и помогнат на домашната економија и да ги посетат домашните туристички центри, а конгресите, саемите, конференциите да се одржуваат на македонска територија.