Хуавеи со проценка за негатива од 26 проценти во 2020 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во изминатата 2019 година технолошкиот кинески производител Хуавеи продал 240 милиони паметни телефони.

На почетокот на мај 2019 година Хуавеј се етаблираше како втор најголем производител на паметни телефони во глобални рамки, со што го истисна американскиот гигант Епл трето место. Како последица на тоа или не, официјално не се знае, неколку седмици подоцна пристигнаа и американските санкции, кои на почетокот не му предизвикаа проблем на Хуавеи. Но, во тековната 2020 година тоа може да се одрази на продажбата на телефони од овој производител.

Минатата година, Хуавеи успеал да продаде 240 милиони паметни телефони од висока, средна и ниска класа. Иако бројот на продадени телефони бил помал од очекуваните 270 милиони, раст на продажба во однос на 2018 година сепак бил остварен. Хуавеи во 2018 година испорачал дотогаш рекордни 200 милиони телефони.

Зголемувањето на продажбата на Хуавеи во текот на 2019 е само благодарение на тоа што санкциите пристигнаа по преставувањето на серијата „P30“ па не се однесуваа на овој модел. Тоа е воедно и последната серија на телефони од високата класа на Хуавеи која пристигна со Гугл „GMS“ сервиси. Сите телефони кои се претставени по 16 мај немаат „GMS“, туку „HMS“ сервиси кои допрва треба да се докажуваат како достојна алтернатива на Гугл.

Хуавеи на тоа работи со полна пареа па дури и на девелоперите им нуди период од 12 месеци во кој нема да им зема дел од заработката од продажбата на апликациите преку нивната продавница за апликации „AppGallery“. Освен тоа, се обврзува и на додатни 12 месеци за време на кои ќе се зема помал дел од заработката од вообичаено.

Потоа, тука е и домашниот, кинески пазар, врз кој американските санкции немаа влијание, затоа што телефоните за кинескиот пазар и онака немаат „GMS“ сервиси, па кој во Кина сакал да купи Хуавеи телефон, тој сигурно го сторил тоа без да размислува. Исто ќе биде сценариото и со серијата „P40“ која би требало да стигне кон крајот на овој месец.

Но прогнозата за полоша продажба на мобилни телефони во 2020 година говори дека таа може да опадне помеѓу 20 и 26 проценти зарад американските санкции. Тоа би значело дека наместо минатогодишните 240 милиони примероци, Хуавеи оваа година ќе испорача помеѓу 190 и 200 милиони телефони со што ќе се врати на нивото од 2018 година.

Од се тоа би можел да профитира Епл кој и покрај бројните затворања на фабрики во Кина поради коронавирусот би можел повторно да стане вториот најголем произведувач на мобилни телефони во светот.