Home Актуелно Поради вонредната ситуација со коронавирусто, Италијанците ослободени од плаќање данок и кредитни рати

Поради вонредната ситуација со коронавирусто, Италијанците ослободени од плаќање данок и кредитни рати

Во рамки на пакетот мерки кои италијанската влада ги воведе за ублажување на ефектот од епидемијата на коронавирусот во рамки на економскиот сектор, но и во општеството генерално, најави и суспензија на плаќањето на даноци и рати од кредити и хипотекатни задолжувања.

Владата ќе одобри мерки во вредност од околу 10 милијарди евра, рече министерот за индустрија, Стефано Патуанели, во интервју за Радио Капитал, а пренесе агенцијата Хина.

Тоа би значело дека ќе се потрошат околу 2,5 милијарди евра повеќе од досега планираното.

„Првиот круг ќе вклучува суспендирање на плаќањето на трошоци, даноци и хипотеки за да се олесни притисокот врз малите бизниси и домаќинствата. Другите мерки ќе бидат воведени дополнително“, додаде тој и најави дека италијанскиот буџетски дефицит, изразен како дел од БДП, веројатно годинава ќе се зголеми за близу три проценти.

Воедно министерот ја повика ЕУ да ги смени своите буџетски правила по кризата, предупредувајќи дека многу граѓани ќе ги почувствуваат нејзините економски последици.

„Ќе бараме регулативата да се промени, бидејќи во спротивно луѓето ќе умрат“, истакна италијанскиот министер, додавајќи дека прашањето не е дали регулативите ќе бидат изменети, туку како.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…