Home Спорт ТУНЕЛОТ НА СТРАВОТ: Наполи го чека „пекол“ на Маракана! (видео)

ТУНЕЛОТ НА СТРАВОТ: Наполи го чека „пекол“ на Маракана! (видео)

Црвена Звезда повторно се врати во Лигата на шампиони и вечерва го играат првиот меч против Наполи на својот стадион.

Некогашниот европски шампион после 27 години се врати во елитата и се најде во неверојатно тешка група со ПСЖ, Наполи и Ливерпул.

Пред натпреварот со Наполи италијанските медиуми пишуваат за тунелот на „Маракана“ кого го опишуваат „како од хорор филм“.

Тунелот низ кој мора да поминат фудбалерите влева страв и го нарекуваат уште „вратата на пеколот“, бидејќи на самиот терен навивичите прават пеколна атмосфера.

Треба да се напомене дека снимката која ја објавија италијанските медиуми е малку постара и дека сега тунелот е исфарбан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…