Преговорите во застој: Стерлинг го напуша Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преговорите помеѓу Манчестер Сити и Рахим Стерлинг за нов договор наидуваат на сериозни потешкотии, пренесуваат англиските медиуми.

Најголем проблем е платата на фудбалерот, па двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Стерлинг од раководството на „граѓаните“ бара неделна плата од 300.000 фунти, што би значело 15 милиони по сезона. Меѓутоа, Манчестер Сити не е спремен да ги задоволи неговите барања и покрај фактот што Стерлинг е важна карика во тимот на Гвардиола.

Актуелниот договор на Стерлинг истекува во 2020 година, па следното лето англискиот репрезентативец ќе влезе во последната година од договорот.

Поради тоа „граѓаните“ сакаат што е можно побрзо да постигнат договор за продолжување на соработката, а доколку не успеат во тоа до крајот на сезоната голема е веројатноста дека Стерлинг ќе биде продаден.