Тудор се враќа во Италија како тренер – го презема Удинезе


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Раководството на Удинезе вчера му врачи отказ на тренерот Масимо Одо после серијата на лоши резултати, а веќе денес го именуваше неговиот наследник.

Игор Тудор, ќе се врати во Серија А како тренер и ќе седне на кормилото на Удинезе.

Хрватскиот стратег тренерската кариера ја започна во Хајдук, а последниот ангажман му беше во Галатсарај.

Инаку Тудор одлично ја познава италијанската лига бидејќи неколку години го носеше дресот на Јувентус, каде запиша повеќе од 100 настапи.

Негов помошник во Удинезе ќе бите токму неговиот партнер од деновите поминати во Јувентус, Јулијано.