Црниот снег им ги јаде здравјето и духот на жителите на Сибир


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сибирската Кемеровска областа денови наназад и здравствено и духовно е нагризана од прекривката со црн снег кој таму врне речиси секој ден.

Жителите од оваа област бараат спас од оваа непогода која ги снајдува и се приморани да ја живеат, зашто велат дека снегот е црн поради јаглената прашина од блиските површински рудници. Во регионот живеат околу 2,5 милиони луѓе , за кои постои статистика дека имаат покус животен век отколку просечниот кај другите жители на Русија.

Активистите за заштита на животната средина велат дека јагленовата прашина е присутна воп текот на целата година , но во зима е посебно забележлива , зашто веќе со недели паѓа црн снег.

Тие велат дека не постои никаков систем за прочистување на воздухот и дека црната прашина предизвикува сериозни заболувања.

Во Кемеровската област , каде речиси на секој чекор има рудници за јаглен , се вадат околу 60 проценти од целокупното количество во Русија. најголемиот дел од јагленот е за извоз.