Цитроен го претстави новото Берлинго: Комфорот и практичноста над се!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со третата генерација на Берлинго доаѓаат и две должини на каросерија, која потсетува на кросоверот Кактус.

Третиот член на повеќенаменските автомобили базиран е на EMP2 платформата, со која доаѓа подобро управување и помал радиус на кругот при вртење.

Со неколку каросериски детали новото Берлинго ќе се нуди со 4,4 метри долга каросерија, а за оние на кои им требаат повеќе седишта ќе нуди и 4,75-метарска каросерија.

Во комбинација со ХЛ каросерија, без третиот ред на седиштата има товарен простор о 3,05 метри. А додатните 2 седишта ќе може да се извадат од автомобилот.

Новиот Берлинго ќе биде придвижуван од 1,2 литарски три-цилиндричен турбо-бензиски мотор, и ќе се нуди со 110 и 130 КС. За разлика на бензинските мотори дизел верзијта ќе биде со 1,5 литарски мотор и ќе биде достапна во 3 варијанти и тоа: 75, 100 и 130 КС.

Првите примероци од новото Берлинго до купувачите ќе стасаат во втората половина од оваа година.