Home Вебкафе Цел Балкан зборува за нив: Жестока тепачка во женски фудбал!

Цел Балкан зборува за нив: Жестока тепачка во женски фудбал!

Невидена тепачка се случи во Првата фудбалска лига на Федерацијата Босна и Херцеговина, во Женската лига.

Имено, на натпреварот меѓу Железничар и Младост, Силвија Секачиќ ја претепала фудбалерката на Младост, Адна Љубановиќ.

Секачиќ најпрво противничката ја соборила на тревата, а потоа ѝ седнала на грбот и ја удрила со дланката по глава неколкупати. Не успеал да ја запре ниту судијата, а ситуацијата се смирила кога ги раздвоиле фудбалерките од двата тима.

„Со какви зборови да се опише овој чин, а да останеме во границите на пристојното? Доволно е да се каже дека ваквото однесување нема врска со здравиот разум, на лицата како Силвија не им е местото во фудбалот и заслужуваат доживотна суспензија“, порачаа од ЖФК „Младост“.

Силвија доби црвен картон, а би можела да добие и доживотна суспензија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…