Дарт Вејдер е реален и жив, работи како медицински техничар во Тенеси (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За сите обожаватели на Star Wars, Дарт Вејдер почина во продолжението на филмската научно-фантастична франшиза Return od the Jedi. За сите останати, тој не само што не е мртов, туку е жив и здрав, реален и работи како медицински техничар во Тенеси.

39-годишниот Дарт Вејдер Вилијамсон го носи името на познатиот филмски лик од култната филмска сага уште од 1978 година, откако е прикажан првиот дел од оригиналната трилогија Star Wars. Вејдер работи како хируршки техничар во болницата Свети Францис, во приградскиот дел од Мемфис.

„Кога сум се родил, мајка ми сакала да ми дадат име Џуниор, по мојот татко. Но, мојот татко, кој бил голем љубител на Star Wars и ликот на Дарт Вејдер, помислил дека тоа е едно опасно добро име за син“, вели Вејдер за CNN.

Со оглед дека неговата мајка била под дејство на анестезија после породувањето, едноставно се сложила со предлогот од сопругот и рекла „може, ок супер“. Набрзо после тоа, кога Дарт Вејдер Вилијамсон бил запишан во книгата на родените, мајката се покајала за одлуката.

Вилијамсон раскажува дека во детството не си го сакал многу сопственото име. Другарите секогаш го зезале, а наставниците се кикотеле додека го прозивале за одговарање.

„Си ги колнев родителите поради тоа што ми дале такво име. Но, подоцна, кога тргнав во средно школо, сфатив дека на девојките всушност им се допаѓа тоа име, па ги увидов предностите од фактот да се викаш Дарт Вејдер“, вели Вилијамсон.

Но, Вилијамсон никогаш не ја искористувал и злоупотребувал приликата што го носи името на еден од најголемите и најславни негативци во историјата на филмот. Вели дека неговите ќерки често „превртуваат очи“ кога некој ќе го спореди со ликот од филмската франшиза. Еднаш го запреле полицајци за брзо возење и еден од нив не сакал да му пише казна бидејќи бил воодушевен од неговото име.

„Некои луѓе ме застануваат, бараат автограм и сакаат да се фотографираат со мене“, раскажува типот.

Најголем апсурд е тоа што тој воопшто не го сака серијалот Star Wars и последниот дел кој го гледал бил Return of the Jedi од 1983 година. Исто така, Дарт Вејдер не е негов омилен лик од филмовите, туку Боб Фет.