Home Шоубизнис Денис Родман: Погрешно го сфаќате, Ким Јонг-ун е нормален и многу ги сака САД

Денис Родман: Погрешно го сфаќате, Ким Јонг-ун е нормален и многу ги сака САД

Денис Родман тврди дека „мејнстрим“ медиумите со своите натрупани фрази и негативни муабети за Ким Јонг-ун направиле севернокорејскиот лидер да биде погрешно сфатен.

Пензионираниот американски кошаркар, кој вели дека оваа земја ја има посетено шест пати, тврди дека е првата личност која го држела бебето од врховниот севернокорејски лидер.

Родман го нарекува Ким „пријател на својот живот“, велејќи дека лидерот лично го известил дека нема апсолутно никакви планови да ги бомбардира западните држави, и дека всушност е голем обожавател на САД.

Бившата НБА ѕвезда вели дека Ким бил голем љубител на американската музика од ’80-те години.

„Кога е опкружен со своите луѓе, тој се однесува како сите останати. Се шегува, сака да игра кошарка, пинг-понг, оди на базен“, вели Родман списанието Dujour за својот пријател.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Промени во актерската екипа на „Бриџертон“ сезона 5: Големо заминување, многу враќања и главна улога сведена на камео

Се очекува петтата сезона на „Бриџертон“ да дебитира следната година, а ние ги имаме сите …