Трите предлози на Гејтс за справување со епидемијата на КОВИД-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот милијардер и своевремено најбогат човек на светот (денес еден од петмината најбогати), Бил Гејтс, во негов авторски текст објавен „Вашингтон Пост” апелира со предупредување дека САД ја пропуштиле шансата да бидат чекор пред новиот коронавирус. Сепак, тој додава дека сè уште не е доцна да се донесат важни одлуки од кои ќе зависи бројот на смртни случаи, но и заздравувањето на економијата.

Тој наведува дека во разговор со голем број експерти и лидери заклучил дека е потребно да се преземат три чекори.

Гејтс посочува дека е потребен доследен национален пристап за решавање на проблемот, потоа зголемување на обемот на тестирање и трето создавање единствена база на податоци заснована врз науката, која ќе работи на развој на вакцина.

„И покрај апелите на експертите и властите во некои држави плажите и понатаму се отворени, во други рестораните и понатаму се преполни. Некои можат слободно да патуваат каде и како сакаат како и вирусот“, наведува Гејтс, при тоа додавајќи оти се тоа е рецепт за катастрофа.

Тој потенцира дека мора да биде јасно оти секоја конфузија ги продолжува економските проблеми, ги зголемува можностите Ковид-19 да се врати и да предизвика поголем број смртни случаи.

Гејтс како втор чекор го наведува зголемено тестирање и објавување на резултатите, додека трет чекот е создавање на база на потенцијални волонтери за клинички испитувања.

„За да се стави крај на болеста, потребна е сигурна и ефиканска вакцина. Ако работиме се како што треба би можеле да ја имаме за најмалку 18 мессеци“, посочува коосновачот на Мајкрософт.

Тој предвидува дека ќе мора да се произведат милијарди дози вакцини.

„Како што видовме оваа година, пред нас е долг пат. Но, и понатаму верувам дека ако сега донесеме исправни одлуки, засновани на науката, податоците и искуството на медицинските екеперти, можеме да спасиме животи и да ја вратиме земјата таму каде што беше“, истакнува Гејтс.