Home Актуелно Македонија денес прв пат на состанок на НАТО како полноправна членка

Македонија денес прв пат на состанок на НАТО како полноправна членка

На денешната видеоконференција на која ќе одржат состанок министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Македонија за прв пат ќе учествува како полноправна членка на Алијансата.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, најавувајќи го министерски совет, рече дека за прв пат состанокот ќе се одржи преку безбедна видео врска меѓу триесетте земји сојузнички на НАТО. “Ке и посакаме добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка, дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред”, рече Столтенберг.

Алијансата денеска во најголем дел ќе се фокусира врз координирање на помошта во борбата против пандемијата со коронавирусот. „Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благодариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател, изјави Столтенберг.

Вчера пак, руското Министерство за надворешни работи оцеи дека проширувањето на НАТО со Македонија создава нови поделби во услови на глобална закана од коронавирусот. Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за регионалната, ниту за европската безбедност“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…