Home Актуелно Триесетина скијачи затрупани од лавина во Франција

Триесетина скијачи затрупани од лавина во Франција

Лавина го погоди францускиот ски центар Тињ, а медиумите јавуваат дека се затрупани најмaлку триесеттина скијачи.

Според првичните информации, лавината ја покренале скијачи кои се наоѓале на повисоките нивоа. Во моментот на придвижување на лавината над стотици скијачи и сноубордери биле на патеката.

Локалната полиција јавува дека во тек е акција за спасување. Некои медиуми шпекулираат дека загинале четири лица а дека повеќе од 30 се затрупани.

Француските медиуми пренесоа дека операцијата на спасување е отежната поради лошата видливост а неколку хелокоптери се на самото место.

– Имаше преупредувања за лавината, но оваа се случи на патеката која била набљудувана. Условите многу ја отежнуваат акцијата на спасување – рекле во полицијата каде што потенцираат дека се вклулени и кучиња трагачи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…