Три одлични совети за оние кои немаат мотивација за вежбање


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако секој знае дека физичките вежби се одличен начин да се одржи здрава и добра форма на телото, но и на духот, сепак, неретко многу луѓе имаат проблем да се мотивираат и да се натераат да одработат еден целосен и квалитетен тренинг, или пак воопшто да почнат да вежбаат.

А изговорите кои самите себеси си ги нудат во такви ситуации се најразлични – од смислување дополнителни „обврски“ до тоа дека доаѓа викенд и треба да се опуштат.

Недостатокот на мотивација може да му се случи секомѕ, па затоа еве неколку начини како тоа да го избегнете.

1) Направете го вежбањето пријателски натпревар

Дури и ако по природа не сте компетитивни, туркањето на сопствениот напор во релација со нечиј друг може да претставува огромна мотивација. Без разлика дали некој непознат трча до вас на трака или вежбате со партнер, дозволувањето на нечија друга мотивација да „премине“ на вас ќе ви овозможи подобро да вежбате и да не се откажувате пред време.

2) Обложете се

Од апликации кои ви наплаќаат доколку не вежбате, до пријатели кои ќе инсистираат да дојдете на вежбање со нив, постојат многу начини да се натерате да отидете на тренинг, особено доколку влогот вклучува пари. На пример, со пријател обложете се во врска со некои од вашите цели – доколку не отидете во теретана најмалку три пати неделно следните 3 недели, или доколку не ослабете одреден број на килограми за 3 месеци или доколку не успеете да кревате одредена тежина – да морате да честите нешто. Сепак, да не биде тоа некој „дебел“ облог кој сериозно ќе ви го олесни паричникот.

3) Најмете тренер

Многумина сметаат дека немаат потреба од персонален тренер и дека знаат што прават, но вежбањето со тренер без разлика на вашата спремност претставува дополнителна мотивација во вежбањето. Имањето на професионалец кој постојано ќе ве потсетува да вежбате со правилна форма, техника и да ве турка понатаму ќе ве тера да се трудите повеќе и да издржите до крај на сите планирани вежби.