Финансиска гигантомахија: Кој прв ќе тежи еден трилион?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во економската трка на светско ниво за тоа кој прв ќе достигне вредност од еден трилион долари, Apple е првата компанија во модерната доба која е најблиску до победа. Но, во залет е и Amazon па изгледа ќе има фото-финиш во битката кој прв до тој „престиж“.

Apple, компанијата која во 1976 година во гаража ја основа Стив Џобс, во моментов постигнува пазарна вредност од 934 милијарди долари, а само минатат година забележала вкупни приходи од 229 милијарди долари.

По објавите дека големиот инвеститор Ворен Бафет го зголемил својот удел во технолошката компанија со преку 100.000 вработени, сите финансиски аналитичари очекуваат наскоро пробивање на сумата од еден билион.

Сепак, не е невозможно, предупредуваат тие, да бидат престигнати од Amazaon, иако овој уште еден американски гигант на Џеф Безос малку „доцни“ со 780 милијарди долари. Нејзините акции „експлодираа“ на берзата.

Ако ги споредиме двата дивови, видливо е како акциите на Apple нарасле за 24 насто во претходната година, најмногу поради исчекување на новиот модел IPhone X-a. Но оптимизмот се намали бидејќи интересот на купувачите не беше онолкав колку што се планираше.

Од друга страна, акциите на Amazon се вивнаа за 70 насто во последните дванаесет месеци, по порастот на приходите од 31 насто, благодарение на агресивната on-line продажба и услуги во cloud подрачјето, каде овој великан доминира.