Тренерска смена во Прилеп: Јане Николоски нов тренер на Победа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на прилепска Победа одлучи да направи тренерска смена после серијата на лоши резултати.

Имено, досегашниот тренер Тони Мегленски е сменет поради лошите резултати, а на негово место за нов кормилар е назначен Јане Николоски.

Поранешниот репрезентативец голман и легенда на Победа ќе има задача да го врати клубот на победничките патеки и секако да избори опстанок во елитата.

Победа во претходните четири кола загуби од Вардар, Шкендија, Академија Пандев и Ренова, па се наоѓа на осмата позиција со 17 бодови.