Home Спорт Трансферот се „крчка“: Нејмар имал две тајни средби со Реал Мадрид

Трансферот се „крчка“: Нејмар имал две тајни средби со Реал Мадрид

Денешното издание на „АС“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека преставници на Реал Мадрид одржале две средби со Нејмар во Бразил.

„Светците“ се свесни дека тешко можат да го задржат Нејмар, па наводно веќе ја одредиле цената за Бразилецот, тврди споменатиот весник.

Не е тајна дека Нејмар е најголемата трансфер желба на Флорентино Перез, а сега е откриено дека „кралевите“ веќе работат на трансферот.

Имено, емисари на Реал Мадрид во два наврати биле во Бразил и имаше тајни средби со ѕвездата на ПСЖ, а „АС“ пренесува дека со Нејмар разговарал и поранешниот играч на „кралевите“, Роналдо кој го убедувал својот сонародник да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Не е тајна дека Нејмар не е среќен во Париз и дека сака што поскоро да се врати во Шпанија, а медиумите тврдат дека трансферот најверојатно ќе изнесува 250 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…