Home Спорт После една година го напушта „Сан Сиро“: Андре Силва се сели во Премиер лигата

После една година го напушта „Сан Сиро“: Андре Силва се сели во Премиер лигата

Португалскиот репрезентативец Андре Силва минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но најверојатно ќе го напушти „Сан Сиро“ после само една година.

„Росонерите“ за него платија 38 милиони евра, но Андре Силва не се наметна во првиот тим и не ги оправда големите очекувања. Постигна 10 гола во сите натпреварувања, но само 2 во Серија А.

Поради тоа Милан нема ништо против да се раздели со Португалецот, а најсилен интерес за него покажува новиот премиерлигаш, Вулверхемптон.

Вулверхемптон е во одлични односи со агентот на Силва, Жорге Мендеш и веќе работи на траснферот, а Милан за слободата на напаѓачот ја бара истата сума која му ја плати на Порто.

Наводно „волците“ се согласни да платат 38 милиони евра, па медиумите на Островот се оптимисти дека трансферот ќе се реализира.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…